Полицијата уапсила уште шестмина за вчерашното пукање во Мала Речица

by Фокус

Полицијата денеска уапсила уште шест лица за вооружената престрелката вчера во Мала Речица, објави ТВ 24.

Со тоа вкупниот број на уапсени лица за инцидентот во кој едно лице го загуби животот достигнa 10, откако четворица беа уапсени на пат за Скопје веднаш по пукањето.

Инаку, во вчерашната пресметка меѓу две групи од кумановскиот огранок на ДУИ загина Наим Реџепи, а повреден е неговиот брат Сабри Реџепи, како и Флорим Мисини од спротивниот табор.

Поврзани новости