Полицаец во Свети Николе претепал граѓани кои ја славеле победата на Велковски, по што сам се пријавил во полиција

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека полициски службеник синоќа на полноќ предизвикал инцидент во Свети Николе откако слушнал дека кандидатот на СДСМ, Сашо Велковски, ја освоил победата во оваа општина.

Полицаевот О.Ц. враоботен во полициската станица во Свети Николе, не бил работно ангажиран синоќа во 00.10 часот кога предизвикал нарушување на јавниот ред и мир додека и нападнал граѓани ја прославувале победата на Велковски.

Од МВР велат дека во инцидентот повредени се повеќе лица , кои побарале помош во Медицински центар Свети Николе.

По настанот, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети Николе.

За настанот е известено Основното јавно обвинителство Свети Николе и веднаш е вклучен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Поврзани новости