Политичките лидери утре ќе градат консензус за името

by Фокус

Во организација на Министерството за внатрешни работи, македонскиот државен врв и партиските лидери утре во Клубот на пратеници ќе оддржат средба на која ќе разговараат текот спорот за името со Грција за рамката што ја предложи медијаторот Метју Нимиц.

На средбата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Никола Димитров, претседателот на државата Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ – Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Владините претставници ќе информираат за последниот сет идеи, како и за средбата меѓу Заев и грчкиот премиер во Давос, во обид да изградат национален консензус и позиција за овој спор.

 

Поврзани новости