Поддршка за Павле Богоевски во 10:45 пред Кривичен суд

by fokus

Еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција, Павле Богоевски денеска ќе се појави пред Основниот суд Скопје 1 каде треба да започне неговото судење. Тој е обвинет за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години.

Поддржувачите на Шарената револуција најавија собир како знак на поддршка за Богоевски во 10:45 пред Креивичниот суд.

Богоевски пред три дена беше на Конгресот на СДСМ каде повика на заеднички фронт на партиите со непартиските граѓани на изборите на 11 декември.

Поврзани новости