Под ревизија трошењата на Канческа-Милевска, можни се кривични пријави

by fokus

Министерството за култура ќе изврши внатрешна ревизија врз трошењата преку службената картичка што ги правела претходната министерка, Елизабета Канческа-Милевска во период од 2011 до 2017 година.

„Во Министерството за култура веќе се преземаат конкретни активности за утврдување на начинот на кој овие картички биле користени од страна на функционерите и сите овластени лица од нивните кабинети. Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за култура детално ќе го испита трошењето на средства од службените картички. Доколку се утврдат пропусти и неправилности, за истите ќе бидат известени надлежните органи, коишто се задолжени за понатамошно постапување и покренување на соодветни пријави против сите инволвирани лица“, соопштуваат од Министерството.

Од таму потсетуваат дека службените картички им биле доделени на функционерите за трошоци поврзани исклучиво со нивните службени активности и потреби во случај кога тоа е навистина неодложно, а не за лични потреби и трошоци.

Според податоци од Министерството, Канческа-Милевска со службената картичка плаќала за облека во „Макс Мара“, каде што потрошила 418 евра, во „Фурла“, каде што потрошила 220 евра, во „Макс Е ЦО“, „Монклер“, „Масимо Дути“, „Етам“, „Ан Фонтен“, „Ан Тејлор“ и други помалку познати брендови. Ноќевала во „Хилтон“, „Шератон“ и „Риц“.

 

Поврзани новости