Почнуваат преговори за влада, денеска Заев се среќава со Ахмети

by Fokus

Откако Зоран Заев го доби мандатот од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, почнаа да течат преговорите за состав на нова влада и за поделба на ресорите во новиот владин кабинет.

Првата средба на лидерот на СДСМ ќе биде со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а се очекува разговорите да продолжат и во текот на викендот, бидејќи треба да се усогласат позициите и да се постигне договор и со другите коалициските партнери околу распределбата на министерските позиции.

Поврзани новости