Почнува грејната сезона во Скопје

by Fokus

На граѓаните на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење од денеска ќе им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, потврдуваат од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика.

Од таму информираат дека Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) дала одобрение за старт на грејната сезона пред вообичаениот почеток на 15 октомври поради најавениот пад на температурите, што значи дека ако температурите се пониски од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија може да почне и пред 15 октомври.

Поврзани новости