Почна со работа новиот универзитет „Мајка Тереза”

by fokus

Новоформираниот државен универзитет „Мајка Тереза” денеска со свечена церемонија, започна со работа.

На првиот академски час имаше 141 студент, иако вкупната предвидена квота за студенти е 1220 студенти. Слабиот одѕив на студентите, власта вели дека се должи на процесот на упишување кој се уште е во тек.

Новоформираниот државен универзитет ќе работи во привремени простории во Зградата на синдикатите и во неколку простории на Штуловиот универзитет во Скопје. Засега обезбеден е само половина од професорите, а се очекува да има втор конкурс за да се комплетира персоналот.

 Инаку, целата постапка за отворањето на универзитетот имаше низа контраверзии, од експресноста со која помина во Собрание, до потребата за отворање на нов универзитет, шести по ред во земјава.

Сепак, министерот за образование и актуелен ректор Азис Положани убедува дека универзитетот ќе продуцира квалитет кадар кој е баран на пазарот на труд.

Во состав на Универзитетот има пет факултети – Факултет за социјални науки, за информатички науки, за технолошки науки, за технички науки и факултет за градежништво и архитектура

Поврзани новости