Починал на лице место откако со мерцедес удрил во метални столбови и дрво

by Фокус

Синоќа околу 23,30 часот во Скопје на булеварот Александар Македонски се случила сообраќајна незгода во која 36-годишниот Г.С. од скопското село Марино изгобил контрола врз неговиот „Мерцедес“ и удрил прво во метални столбчиња, а потоа во дрво и во метална канделабра, соопштија од полицијата.

„Во незгодата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на лице место, додека сопатникот З.М. (38) од с.Марино-Скопје, се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде е задржан на лекување на Клиниката за Трауматологија“, велат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.

Поврзани новости