Почина Стивен Хокинг, најголемиот ум на денешницата

by fokus

Брилијантниот теоретски физичар, Стивен Хокинг, почина утринава на возраст од 76 години. Од Универзитетот Кембриџ каде предаваше со децении соопштија дека Хокинг починал мирно во својот дом во Кембриџ, Англија.

Хокинг е најпознатиот теоретски физичар на денешницата. Неговата популарност е поголема и затоа што успеа да ја надвладеа тешката болест на нервниот систем со која живееше половина век, спротивно на очекувањата на лекарите.

Познат е како омилен физичар на пошироката јавноста затоа што јасно говореше за мистериите на универзумот, времето и црните дупки, нешто што го објаснува во својата книга „Кратка историја на времето“ објавена во 1988 година, која стана меѓунареден бестселер.

Поврзани новости