Почина работник во Гостивар, паднал од струен удар, па колега го прегазил возејќи во рикверц

by fokus

67-годишен гостиварчанец со иницијали М.К. почина вчера по струен удар додека работел на изградба на термоцентрала на локалниот пат за село Падалиште, гостиварско, на околу еден километар од железничкиот надвозник. М.К. бил вработен во гостиварската фирма која изведувала градежни работи за изградба на термоцентрала.

Како што велат од полицијата, друг вработен во истата фирма, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, се движел наназад  и, без да забележи, со задниот дел од приколката го удрил М.К., кој паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал.

Смрт била констатиран од лекар од Итна медицинска помош Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани новости