По телефонскиот разговор, Заев и Вучиќ ја спуштија топката

by fokus

Интезнивирање на контактите и решавање на несогласувањата со дијалог, а различните позиции за одредени прашања нема да влијаат за унапредувањето на односите меѓу Белград и Скопје.

Ова е заклучокот кој произлезе од телефонскиот разговор меѓу премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во заедничкиот допис до јавноста се наведуваат 5 точки кон кои би требало да се придржуваат двете страни по новонастанатата ситуација помеѓу  Скопје и Белград. Освен економската соработка и заштита на правата на дипломатите, Заев – Вучиќ се обврзале  на меѓусебна поддршка за ЕУ интеграциите. Различните позиции за одредени прашања според соопштението нема да бидат пречка за тоа.

Република Македонија и Република Србија, сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи ќе ги решаваат исклучиво по пат на дијалог.
Без разлика на различните политички ставови во однос на одредени важни политички и регионални прашања, Македонија и Србија заедно ќе се борат за сочувување, но и за унапредување на пријателските релации.

Поврзани новости