По сообраќајна незгода, моторџија од Битола се бори за живот

Сообраќајна незгода синоќа во 22.10 часот се случила на улицата Македонска Фаланга во Битола помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.С. (42) и мотоцикл „јамаха МТ 01“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ѓ. С. (28), двајцата од Битола, информираа од МВР.

Според полицијата, со тешки повреди се здобил Ѓ.С., кој е пренесен на КАРИЛ – Скопје и задржан на лекување, а О.С. се здобил со телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување во Клиничката болница во Битола.