По случајот со силуваното девојче, директорот на „25 мај“ поднесе оставка

by Fokus

Стевчо Соколовски, директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 мај“ денеска поднесе оставка од морални причини.

Министерството за труд и социјална политика продолжува да го испитува случајот со силуваното девојче.

„Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва. Во оваа прилика би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик’, велат од МТСП.

Поврзани новости