По распитот Палевски вечерва го напушти СЈО

by fokus

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, пренесува Мета. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка.

Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што на „Јутјуб“ објавил прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени.

Поврзани новости