По низа скандали, Тодоров во владата потпиша договор за изградба на Клинички центар

by Fokus

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во свечената сала на владата го потпиша договорот за изградба на нов Клинички центар во вредност од 72 милиони евра.

На потпишувањето на договорот присуствуваа техничкиот премиер во заминување Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Клиничкиот центар ќе го градат „Гранит“ и „Бетон“ и италијанската компанија Инсо Системи.

Најавата за изградба на скопскиот Клинички центар веќе неколку години е проследена со низа скандали. Досега се објавија неколку тендери, а и неколкупати беше зголемена сумата за неговата изградба.

Фото: НоваТВ

Поврзани новости