По една година укинат притворот на обвинетиот за убиство на Матилоски

by fokus

Основниот суд од Охрид му го укина притворот на српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (30), кој е обвинет за убиство на охриѓанецот Димитар Матилоски. Убиството се случи во 2016 година на прославата за Нова година.

Притворот е укинат поради недоречености во легислативата, бидејќи судот не успеа во законскиот рок од една година да донесе правосилна пресуда за случајот.

Во првото судење, Угреновиќ беше прогласен за виновен и беше осуден на 16 години затвор, откако обвинетиот ја призна вината. Но, потоа одбраната ја обжали одлуката и пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење. Тогаш обвинетиот го смени целосно својот исказ по однос на обвинението, изјаснувајќи се како невин.

Поврзани новости