По 9 години судење, Апелација потврди: Актерот Петар Арсовски не го клеветел Ристо Шишков

by Fokus

Актерот Ристо Шишков не бил клеветен од неговиот колега Петар Арсовски, потврди Апелацискиот суд Скопје, по цели девет години судење, објави Правосудство.

Арсовски успеа да докаже дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски го клеветел со намера да му го наруши неговиот углед и чест.

Тужбата која беше поднесена против Шамбески уследи по одржана партиска прес-конференција, на 26 февруари 2009 година на која портпаролот на ВМРО ДПМНЕ кажа дека Петар Арсовски директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков. Шамбевски обвини дека во 1979 година, Арсовски го клеветел Шишков дека го напаѓал тогашниот комунистички режим и дека токму поради дадените изјави Шишков бил осуден и затворен.

Поврзани новости