Петров: Се додека го сметаат македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот, договорот со Бугарија ќе биде велепредавство

by fokus

Се додека македонскиот јазик за Софија е дијалект на бугарскиот јазик, договорот за добрососедство со Софија не не ништо друго освен велепредавство, изјави Тодор Петров во гостувањето на Канал 5.

-Софија се уште се занимава со Македонците и со Македонија. Се додека Македонците за Софија се Бугари, а антимакедонизмот е државна доктрина на Бугарија, тогаш договорот за добрососедство со Софија не е ништо друго освен велепредавство, рече Петров.

Тој додаде дека тој договор и да биде потпишан, Македонците никогаш нема да го прифатат, засекогаш ќе биде ништовен, а СДСМ доколку го потпише ќе биде дел од велепредавството кон Македонија и македонскиот народ во целина.

Поврзани новости