Петиција Дејан Ставриќ за министер за здравство

by fokus

Граѓани и даваат поддршка на интернет петицијата која го предлага офтамологот и поранешен претседател на синдикатот на лекарите, Дејан Ставриќ, за министер за здравство. Петицијата ја оформи новинарот, Зоран Божиновкси, и веќе доби над петстотини потписи.

„Поради повеќемесечното неприродно отсуство на министер за здравство и неможност по природен пат да биде избран, покренувам иницијатива со даден потпис на поддршка да и дадеме на знаење на актуелната влада дека на нам граѓаните ни треба министер-професионалец и стручњак, а не несреќно и штетно политичко решение, втемелено на непринципиелни договори, за задоволување на лични и компаниски профитни интереси. За да и дадеме на владата на знаење дека ни треба министер по мерка на граѓаните и пациентите, предлагам др ДЕЈАН СТАВРИЌ, офталмолог да биде именуван за нов министер за здравство“, пишува Божиновски.

Во Владата се уште траат преговорите кој ќе седне на министерката фотелја во здравството, откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар. Одолговлекувањето на решението, според дел од аналитичарите, укажува на сериозни проблеми во владината коалиција.

Ставриќ, инаку, го предводеше штрајкот на белите мантили кога тогашната власт сакаше да воведе плаќање по учинок. Неговиот ангажман во синдикатот, според многумина, допринесе тој да биде уапсен и осуден на една година затвор за примање мито.

Поврзани новости