Петар Белистојаноски незаслужно ја доби државната награда 8-ми септември, реагираат од карате клубот „Металург“

by fokus

Од карате клубот „Металург“ реагираат на одлуката државната награда 8-ми септември за спорт, со која на добитникот му се исплаќаат и финансиски средства во износ од 10 просечни плати, ја добил тренер кој ги немал потребните заслуги во карате спортот и кој, велат, е близок до претседателот на ИО на Карате федерацијата на Македонија. Добитникот Петар Белистојаноски, според „Металург“, има одржани само дваесетина тренинга со сениорските репрезентативци, а години наназад ги зема финансиските награди од Агенцијата за млади и спорт.

„Овој предлог и доделување на  наградата 8-ми Септември на Петар Белистојаноски народно речено е измама на спортската јавност во Република Македонија и безмилосно крадење на трудот од тренерите во клубовите а во режија на ИО на КФМ за што некој секако треба да понесе одговорност. На прашањето како е ова можно најверојатен одговор е дека  најважен критериум за вака незаслужено да бидете наградени на грбот и сметка на другите тренери е блискоста со претседателот. Во прилог на ова би додале дека и изборот за тренер на државна репрезентација за сениори во 2012 година беше фалсификуван од страна на ИО на КФМ во корист на Петар Белистојаноски“, стои во реакцијата на тренерот Мирче Јанушевски од „Металург“.

Петар Белистојаноски инаку бил тренер на државната сениорска репрезентација од 2012 до 2017 година во Карате Федерацијата на Македонија(КФМ), а во јуни оваа година на негово мето е назначен нов тренер.

Од „Металург“ велат дека КФМ на крајот од секоја натпреварувачка сезона прави избор на најдобри спортисти и тренери за изминатата година, но дека досега Белистојаноски со резултатите кои ги постигнал ниеднаш не е проглаен за најдобар односно најуспешен тренер во КФМ.

ИО на КФМ, и покрај општо познатите горе изнесени факти очигледно целосно одвоен од реалноста во карате спортот, го предлага до Агенцијата за Млади и Спорт за добитник на годинешната државна награда 8-ми Септември тренерот на државната селекција за сениори Петар Белистојаноски. Со оваа одлука ИО на КФМ целосно ги деградира останатите тренери кои имаат со нивните натпреварувачи постигнато врвни спортски резултати од званични меѓународни првенства и освоено повеќе медаљи како и вицешампионски и шампионски титули во сите категории од кадети до јуниори. За споредба Петар Белистојановски има освоено со негов натпреварувач единствен бронзен медал и тоа во кадетска конкуренција во далечната 2010 година и како што се гледа од табелата никогаш не бил избран за најдобар тренер во КФМ“, соопштуваат од таму.

Поврзани новости