Пет повредени полицајци и еден приведен демонстрант

by Фокус

Епилогот од денешниот протест против одлуката на претседателот Иванов за општа аболиција е пет повредени полицајци, како и еден приведен од граѓаните кои протестираа. Полицајците со повреди се здобија при судирот со демонстрантите кога не им дозволуваа да се приближат до Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, од тринаесеттемина демонстранти кои беа приведени при вчерашниот протест, двајца добија кривични пријави, додека останатите поминаа со прекршочни пријави.

Поврзани новости