Пет лица повредени по престрелка меѓу членови на ДИУ во Сарај?

by Фокус

Пет лица се повредени меѓу кои еден е во животна опасност по вчерашната престрелка во скопски Сарај меѓу две групи на фунцкионери од владејачката ДУИ, јавува весникот „Лајм“.

Според пишувањата на медиумот на албански јазик групите што се судриле вчера поодамна имале големи недоразбирања. Повикувајќи се на други македонски портали на албански јази, „Лајм“ пренесува дека двајца од повредените се од Кондово, меѓу кои едниот е и војник во АРМ.

Според сведоштвата што ги пренесува „Лајм“, членовите на ДУИ од Кондово прво биле нападнати од други двајца сопартијци во едно кафуле, по првиот инцидент заминале за потоа да се вратат по што почнала престрелката.

Медиумите на албански јазик потенцираат дека до вчера вечер немало официјална потврда на инцидентот.

Поврзани новости