Пешевски: Јас сум угледен човек кој направи многу за државата, а бев и одличен ученик

by fokus

Ексминистерот Владимир Пешевски денеска пред Апелациониот суд зборуваше дека тој бил угледен човек кој направил многу за државата и дека бил одличен ученик и студент. Рече дека отворил 10.000 работни места во Македонија и бил шокиран од обвиненијата од СЈО.

Според Пешевски, одземањето на пасошот било казна за него уште пред да биде осуден. Додаде дека очекува судењето да почне уште утре за да може да ги чуе наводите од обвинението.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, изјави дека Пешевски контактирал со еден од сведоците повикан во СЈО. На тоа адвокатката на Пешевски прочита транскрипт од разговорот помеѓу сведокот и Пешевски во кој, како што рече, се договараат за сведокот да ја каже вистината пред обвинителите на СЈО.

На јавна седница денеска беа разгледани жалбата на Пешевски за одземање на пасошот и жалбата на СЈО за неизрекување мерка притвор против поранешниот вицепремиер. Апелација има рок да одлучи по жалбите во рок од 48 часа.

Поврзани новости