Пендаровски: Влегуваме во најтешката криза по осамостојувањето!

by Фокус

Стево Пендаровски, кандидат на опозицијата за претседател на последните избори, кој вчера присуствуваше на состанокот на коалицијата предводена од СДСМ во врска со најновата разврска на политичката криза, се огласи преку твивер дека земјава можеби влегува во најтешката криза по осамостојувањетo.

„Ако ЕУ преку Хан мисли дека само три партии ќе решаваат за демократски избори, ние сигурно влегуваме во најтешката криза од осамостојувањето“, напиша Пендаровски.

Инаку, власта тргна во процес на цементирање на 24 април како датум за изборите, иако Зоран Заев најави дека опозицијата нема да учествува на изборите доколку не се прочисти избирачкиот список и не се регулира сферата на медиумите.

Поврзани новости