Пендаровски најавува брзо објавување на материјали против власта

by Фокус

Материјалите не ги нарекуваме бомби или експлозиви. Тие не се на Заев, не се ниту мои, туку се наши, ваши, на сите нас. И кога ќе дојде време, а по мое убедување ќе дојде многу скоро време, ние сите заедно ќе мораме да ги употребиме тие средства за да ги вразумиме тие што се на власт , ова вчера на трибината во Кавадарци го изјави Стево Пендаровски,  носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија на СДСМ.

– Очигледно не постои друг начин да им дојде во глава дека Македонија не е приватна сопственост, дека Македонија не е акционерско друштво, на само едно семејство, или на 5-6 души, дека таа ни е дадена уште од дедо и прадедо и мораме ние да им ја дадеме на следните генерации, затоа што Македонија е вечна и мора да трае вечно – изјави Пендаровски.

Поврзани новости