Павле Трајанов: Студентските домови да се отворат за навивачите на Реал и Манчестер

by Fokus

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз на Македонија побара денес студентските домови да се отворат за навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и во нив да се сместат неколку илјади гости, бидејќи навивачите не можат да ес сместат во хотелите во Скопје.

“Во хотелите во Скопје не можат да се сместат навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, поради што предлагам да се отворат студентските домови во Скопје во кои можат да се сместат неколку илјади гости.Сместувањето да биде бесплатно или со минимален надомест (10 евра од кревет), колку да се покријат реалните трошоци“, порача Трајанов.

 

Поврзани новости