Партиите се договорија за договореното од минатата недела

by fokus

Четирите политички партии денеска ги договорија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и за Изборниот законик, што беа договорени минатата недела.

По пет часа преговори, работните групи ги усогласиле и деталите околу ад-хок телото кое во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите.  Сите законски измени до крајот на неделата треба да биде изгласани во Собрание.

Претставникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров очекува до петок веќе да стапат во сила, а порача и дека со денешниот договор партиите отвориле пат за одржување избори.

Радмила Шеќеринска од СДСМ најави дека до вечер партиите ќе ги имаат финалните текстови од договореното, за кое верува дека ќе обезбеди фер и демократски избори.

Поврзани новости