Партиите ги продолжуваат разговорите за медиумите

by Фокус

По неколкудневниот застој на преговорите меѓу четирите најголеми политички партии за медиумите, кои прекинаа откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти преговарачката маса незадоволна од осносот и предлогот на посредникот Питер Ванхојте, утре сепак ќе продолжат разговорите на работните групи со цел регулирање на медиумската сфера.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ ги оцени предлозите на Ваххојте за непристрасно, правично и избалансирано известување за неприфатливи, кои ги нема во ниту една друга европска држава, туку, според нив, претставуваат хибридно решение.

– Нема да дозволиме Македонија да биде експеримент – порачаа од владејачката партија, која воедно ги повика новинарските здруженија тие да достават предлози како замислуваат да се регулира оваа област.

Според опозицискиот СДСМ, пак, нивниот политички противник применува тактика за да до одолговлечи решението за медиумите, исто како што правеше со договорот за изборното законодавство и специјалното јавно обивнителство.

– Без регулирани медиуми, не може да се оддржат фер и демократски избори и затоа без договор за нив се доведува во прашање договорот од Пржино – сметаат социјалдемократите.

Поврзани новости