Панчевски по истрагата за АКМИСОТ: Не можете ни да копнеете по моите милиони, зграда и џип

by fokus

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски на неговиот Фејсбук профил ги колнеше оние кои се радувале на отворената предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС системот.

-На сите крвници и душмани кои денес се радуваат постираат и праќаат пораки за АКМИСОТ и на нивните ментори, натачатели и извршители, со чиста душа ви посакувам очите со сите зла на светов да ви се наситат и најтешки земни болести да ве нахранат, божјиот суд на спасот да го барате да не можете да го најдете. Вие знаете кои сте, ве знам и јас “трубадурката со пендрек” која ја објави веста во 6 сабајле и САКАШЕ ДА КА.. па сите ја пренесоа и “трубадурот од телеком” ги поздравувам посебно за брзо ке знаат што е бумеранг на животот! ПО МОЈОТ ЖИВОТ САМО МОЖЕТЕ ДА КОПНЕЕТЕ БИДЕЈКИ СВОЈ НЕМАТЕ, за зградата, милионите, ресторанот, џипот не можете ви остана само пендрекот, напиша Владимир Панчевски на неговиот Фејбук профил.

Поврзани новости