Панчевски: Останувам исправен, независен и непристрасен, а тие може да ме распнуваат колку што сакаат!

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, испрати изјава до „Фокус“, по пишувањата за кривичната пријава која против него неодамна ја поднесе судијата Иван Џолев. Ставот на претседателот Панчевски го објавуваме во целост:
„Кривичната пријава која против мене ја поднесе судијата Иван Џолев, само ги
надополнува препораките на Прибе преку кои треба да се доживее катарза и
прочистување на судството во Р.Македонија од сите оние кои плукаат без ниту
еден аргумент и пакуваат измислени случаи заради достигнување на некакви
„повисоки цели“, а не погледнуваат кон себе и своите лични достигнувања.
Во однос на наводите во одредени медиуми, за кои јасно се препознава од кого
призлегуваат, сакам да ве известам дека во текот на вчерашниот ден, почитувајќи
ги законските одредби и институциите на Р.Македонија,  пред надлежен јавен
обвинител дадов изјава во врска со наводите во пријавата на колегата Џолев и ги
отфрлив како неосновани, а воедно  поднесов и кривична пријава за Лажно
пријавување против него за што сметам дека се исполнети сите основи, а
дополнително и со цел да го заштитам угледот на судиската функција на сите мои
колеги – судии, од идни вакви неосновани пријави со кои некој очигледно сака да
го наруши дигнитетот на судската власт.

Како што се наведува во текстот кој е преземен од повеќе медиуми,„ недостасува
одговор од Џолев зошто чекал две години за да поднесе пријавата ….и дека сега
кривичната пријава е адут во раката на судијата Џолев“ алудирајќи на изборот за
нов претседател на Кривичниот суд, и за мене е најсно за какво НЕЗАКОНСКО
Укажување станува збор, кога од самоиот докуметн кој веќе е објавен од одредени
портали, се гледа дека се работи за официјален судски документ  -Укажување, кој
се заверува под СУ број и се чува во ахривите на судот за во иднина, доколку се
јави потреба, да биде разгледан и анализиран од надлежните тела, и истиот не го
спорам, потпишан е од мене и стојам зад него. Дополнително Укажувањето е начин
на комуникација со кое секој претседател на суд во Р.Македонија, согласно
Законот, комуницира со судиите и истото е само препорака, а не и обврска,
бидејќи судиите се независни и самостојни во одлулчувањето.

Воедно, и мене ми е нејасно зошто некој чекал две години да пријави наводно
Кривично дело, и како избран судија при своето одлучување да го заобиколува
членот 178 од ЗКП, кој се применувал, кој налага, т.1 „Ако истрагата не се
заврши во рок од 90 дена истражниот судија е должен да го извести претседателот
на судот за причините заради кои не е завршена. Т.2 а Претседателот на судот по
потреба ќе преземем мерки за завршување на постапката.“, по што претседателот
на судот е должен да му Укаже на судијата што да преземе.
Зошто две години се опструира правдата, за пријавата против мене да ја поднесе
токму пред престојните избори за нов претседател, воедно заобиколувајќи го
Судскиот совет и Советот за утврдување факти, што претставува непочитување кон
судската фела. Ова помалку наликува и на постапките на СЈО кои најавија дека
започнале истрага против 5 судии од Управниот суд во период на предизборие кога
тие судии треба да одлучуваат во врска со пријавите за нерегулраности на
изборите, заради што се отвора прашањето дали ваквите процедурални пријави
против клучни фигури во првосудтството не се оркестриран начин на уривање на
целото судство во Р.Македонија.

Се надевам дека одговор на сите овие прашања ќе дадат надлежните инситуции пред
кои се поднесени пријавите, но и Судскиот совет и Советот за утврдување факти,
а јас како претседател на судот и како судија нема да го користам судискиот
имунитет и ќе останам транспарентен за сите прашања поврзани со мојат личен и
професионален живот, без разлика дали доаѓаат од медиумите, обвинителството или
моите колеги судии за начинот како го водам судот, за што сум добил мандат и
целосна доверба од Судскиот совет.

Воедно ги охрабрувам сите мои колеги да го зачуваат дигнитетот на судската
функција, да не подлегнуваат на вавкиот јавен линч врз судската власт и им
порачувам на сите кои сакаат да го исплукаат моето име и авторитет дека
останувам исправен, независен и непристрасен, а тие може да ме распнуваат
колку што сакаат“.
Со почит Владимир Панчевски

Поврзани новости