Панчевски: Не е точно дека има истрага за Панчевски

by fokus

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски вечерва е гостин во Топ тема и повторно за себе зборува во трето лице еднина. Тој демантира дека е под истрага на СЈО.

-Не е точно дека се врши истрага за Владимир Панчевски. Претресот беше дел од предистражана постапка за друго лице. Не знам како јавноста ја поврзува истрагата за АКМИСОТ со мене. Факт е дека на 05.10 настапи мрак на правдата. СЈО на некаков чуден начин детектира дека на 15.08 Панчевски бил инволвиран во бришење на податоци. Факт е дека Владимир Панчевски тогаш не беше во Македонија, вели Панчевски.

Поврзани новости