Пајак службата за малку ќе ги однесеше возилата на СЈО пред Кривичниот суд

by Fokus

Малку недостасуваше обвинителите на СЈО, кои денеска се во Кривичниот суд поради одржување на неколку рочишта, да останат без двата службени автомобили со кои пристигнаа, бидејќи за малку ќе беа однесени од пајак службата.

Имено, поради големиот број на рочишта кои денеска се одржуваат во овој суд, на самата улица пред судот се паркирани десетина возила, па поради тоа пристигнаа и три „пајака“.

Дел од автомобилите се „спасија“ во последенм момент бидејќи возачите пристигнуваа точно во моментот пред да бидат однесени, а по консултација со возачите од СЈО, на улица и понатаму останаа нивните две возила.

Ова е секојдневната слика пред најголемиот Кривичен суд во земјава, најверојатно поради несоодветен обебзеден паркинг за странките во судот.

Поврзани новости