Падна згодната шефица на кабинет во Влада

by Fokus

Поранешниот модел, мисица и несудена заболекарка, Викторија Јаначковиќ, а денес позната како една од најсексапилните шефици на кабинет во Владата на Македонија, падна пред шармот на бодибилдерот Никола Тасески, и наскоро ќе му стави крај на моминскиот живот. Таа деновиве добива честитки од своите пријатели, откако на својот Фејсбук профил ја објави веста дека стапнува на лудиот камен.

Инаку, Викторија и стана позната на јавноста кон крајот на деведесеттите години, како еден од најекспонираните модели кај нас, а во 1999 година беше и прва придружничка на изборот за Мис на Македонија. Иако, во минатото изјавуваше дека еден ден планира да се посвети на работата како стоматолог, а со манекенство да се занимава се додека ја бараат, сепак пред неколку години заврши како шефица во кабинетот на заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ.

Нејзината нова фунција тогаш предизвика многу реакции во јавноста, имаше такви кои што критикуваа, под изговор дека на поранешна манекенка не и местотото во Влада, но и такви кои што веднаш и дадоа поддршка, потенцирајќи дека убавите жени можат да бидат успешни во многу полиња во животот. Помеѓу тие кои што јавно ја поддржаа Викторија, но и заменикот министерот Недељковиќ, се најде и мисицата и фармацевт Дунавка Трифуновска, која што за ,,Фокус,, изјави дека примерот на Недељковиќ треба да го следат и другите челни личности во влада, оти убавите жени можат да направат многу за нашата држава.

Поврзани новости