Откажана теренската проверка која требаше да почне денеска

by Фокус

Државната изборна комисија денеска не почна со предвидената теренска проверка на Избирачкиот список, инофрмираат од комисијата. Причина за тоа биле подготовките за целата процедура.

Според планот и најавите, ДИК денеска требаше да почне со теренската проверка на 89.383 запишани гласачи во Избирачкиот список, кои по вкрстената проверка се покажале како спорни.

Според проценката на ДИК, проверката ќе трае до 3 април. За оваа операција Комисијата започна и информатива кампања „Отворени врати“ и ги објави официјалните беџови што ќе ги носат анкетарите кои ќе одат од врата до врата.

Поврзани новости