Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе отпатува во работна посета на Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Иванов ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка.

Во рамки на работната посета, најавено е дека тој ќе оствари билатерална средба со кралот Јордан, Н.В. Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

Ова е прва посета на шефот на државата во странство откако завчера му го довери мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на нова влада.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.