Оставки од повеќето членови од Советот за правосудството ако Владата не ги уважи сугестиите

by fokus

Оставки од повеќето членови на Советот за реформа на правосудниот систем најави Мирјана Најчевска, член на Советот, доколку Владата не ги уважи сугестиите и барањата на експертите ангажирани во ова тело.

Најчевска во вечерашната Топ Тема на Ваша страна рече дека освен што тие биле именувани за членови без да бидат консултирани, немаат деловник за работа, не знаат која е нивната улога, надлежност, кој им е мандатот. Најчевска вечерва најави дека на следниот состанок на Советот закажан за 19 декември, на која се надева дека ќе присуствуваат министерот за правда и неговиот заменик, дека ќе успеат да се убедат со владата за тоа која треба да биде нивната суштинска улога во реформите на правосудството.

-Се надевам дека на толку многу експерти, судии, обинвители, експерти, во Советот ќе имаме доволно сила да се наметнеме. Доколку не успее во тоа тогаш најголем дел од членовите ќе поднесат оставка бидејќи се обезмислува нашето присуство во едно вавко тело, изјави Најчевска.

Поврзани новости