Останаа празни и советничките столчиња на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија

by fokus

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија демонстративно ја напуштија седницата барајќи слобода за осомничените за тероризам и загрозување на уставниот поредок, кои добија притвор од 30 дена.

На своите столчиња советниците оставија пораки на кои пишува „Слобода за нашита браќа и сестри“. Тие порачаа дека Сашо Василевски, Игор Дурловски, Горан Ангелов, Богдан Илиевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Борис Дамовски и останатите притворени не се терористи.

До сега седниците ги бојкотираа советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Ѓорче Петров и Штип.

 

Поврзани новости