Основци од Неготино ноќеваа во училиште

by fokus

Повеќе ученици од основното училиште ,,Гоце Делчев’’ од Неготино, спиеја во просториите на училиштето, вклучувајќи се во интернационалниот проект по повод роденденот на авторот на детски книги, Ханс Кристијан Андерсен.

Маскирани во ликовите од бајките, со богата програма, но и со голема торта со анимираните херои на Андересен, тие ја минале ноќта во весела дружба и едукација.

Според проектот, дури во 50.000 училишта во 1.100 држави низ светотот, предвидено било ноќевање на ученици и другарување со бајките на познатиот писател. На крајот на проектот учениците засадиле дрво на бајките во училишниот двор.

Тимот на едукатори бил составен од наставниците Елена Стојанова, Сузана Малчева, Орданчо Ристов и Велика Вељанова, кои што заедно со родителите и директорката на училиштето, Весна Јованова реализирале голем број активности на забавен и иновативен начин преку работилници, игри и конкурси, со цел запознавање на животот и делото на Андерсен.

Вики Клинчарова

Поврзани новости