Основното обвинителство предложи притвор за 14 осомничени, седум се лишени од слобода за нередите во Собранието

by fokus

Основното јавно обвинителство – Скопје за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично почна постапка поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство од член 384 од Кривичниот законик.

Во соопштението на ОЈО се вели дека во моментов, седум од лицата се лишени од слобода.

„Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за 14 од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост.

Истрагата на обвинителството продолжува во насока на целосно расветлување на кривично – правниот настан“, соопшти ОЈО

Поврзани новости