Основачот на Амазон стана најбогат човек на светот

by fokus

Основачот на Amazon, Џеф Безос, се врати на првото места на листата на најбогати луѓе во светот оваа недела благодарение на зголемувањето на неговото богатство за 7 милијарда долари преку ноќ.

Цената на акциите на Amazon се зголемија откако беше објавен новиот вртоглав приход на компанијата со што богатството на Безос се искачи на повеќе од 90 милијарда долари, земајќи му ја титулата најбогат човек на светот на Бил Гејтс.

Но и цената на акциите на Microsoft се зголеми после вестите, но добивката на Гејтс нарасна само за 550 милиони долари за вкупното негово богатство да се зголеми на 88.5 милијарда долари.

Ова не е првпат Безос да сe најде на врвот на листата најбогати во светот. За првпат ова се случи во јули годинава, но траеше само еден ден. На 27 јули цената на една акција на Amazon дојде до 1050 долари што придонесе богатството на Безос да надмине 90 милијарда долари. Но после еден ден цените паднаа, па Безос се врати на второто место.

Поврзани новости