Османи: Владата ќе спроведе европски реформи до локалните избори

by Фокус

Владата е подготвена во претстојните три месеци да ги направи потребните ЕУ-реформи, пред одржувањето на локалните избори наесен, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната седница на Комисијата за европски прашања.

-Веќе подготвена е нацрт-верзија на акцискиот план, во кој се адресирани реформските приоритети – рече Османи.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, пак, оцени дека направен е напредок по изборите и по формирањето на новата влада, но, додаде тој, потребно е да се работи на реализирање на реформските приоритети, како и на забелешките од годишниот извештај за напредокот на земјата во 2016 година.

Поврзани новости