Османи-Томан: Чешка ќе продолжи да ја поддржува Македонија

by fokus

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Чешка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка од страна на двајцата соговорници беше оценета како солидна. Двајцата соговорници изразија надеж дека успешната билатерална соработка ќе продолжи и понатаму и дека истата ќе се продлабочи.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Чешка, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група. Османи му го презентираше на Томан Планот 3-6-9, и посветеноста на Владата во целост да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на европските пријатели. Планот 3-6-9 претставува единствена целина на неговите три дела и во него се имплементирани сите релевантни забелешки и препораки кои се нотирани како пречка за нашите евроатлантски интеграции.

Поврзани новости