Османи на средби во грчкото МНР, надвор протестанти извикувале „Македонија е грчка“, „Тргнете ги рацете од Македонија“

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека оваа година претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу спорот со Грција и дека како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаат обврска да покажат зрелост и сериозност за да не се пропушти оваа шанса.

Пред соговорниците тој посочил дека во Македонија постои јасно изразен оптимизам за затворање на ова прашања и изразил надеж дека, заедно со позитивните сигнали кои доаѓаат и до страна на Грција ќе биде надминато.

Додека вицепремиерот Бујар Османи имаше средби со неговите домаќини во грчкото МНР во Атина, пратеници од ултра десничарската и националистичка партија Златна зора, заедно со група нивни поддржувачи се собрале на протест пред зградата на Министерството за надворешни работи на Грција. Дописникот на МИА јави дека демонстрантите подигнале пано на кое пишувало „Македонија е грчка“, извикувале слогани „Предавници“ и „Тргнете ги рацете од Македонија“, а на оградата од министерство закачиле порака: „Отстапувањето на името Македонија за државичката на Скопје е еднакво на национална распродажба“.

Поврзани новости