Османи: Деновиве ќе има дополнителни консултации за испразнетите министерски места

by Фокус

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави поголема реконстуркција на владата нема да има, туку дека течат само разговори за пополнување на испразнетите министерски местa.

-Барем според тоа што до денеска е разговарано, не очекувам да има поширока реконструкција на Владата, туку начелно пополнување на испразнетите места по локалните избори – истакна Османи.

Тој истакна дека собраниската агенда не дозволува разгледување на нови предлози до 25 декември, така што, според него, овие денови ќе се искористат за дополнителни консултации.

Поврзани новости