Ослободен e Љубе Бошкоски!

by fokus

Попладнево е ослободен Љубе Бошкоски, кој во затворот одлежа 5 години, дознава „Фокус“.

Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот Воденица за наводно незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на 5 години затвор, кои истекуваат во недела.

На Бошкоски за овие 5 години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

Неговиот случај беше нотиран од Стејт департментот, во извештајот за човекови права, како политички затвореник.

Повеќе детали очекуваме наскоро.

Поврзани новости