Општина центар ќе додели парична помош на настраданите

by fokus

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот, донесе одлука за доделување на парична помош од 1.000.000 денари за настраданите граѓани од поплавите.

Сите ресурси на општината и целокупната механизација се на терен, а како што рече градоначалникот Жерновски, во расчистување на штетите и помош на граѓаните од погодените подрачја се вклучува и општинската „Еко – бригада“.

Советниците од коалицијата, предводена од СДСМ, се откажаа од дел од советничкиот паушал и истиот ќе биде доделен на семејствата на настраданите и за помош на кризните подрачја.

Вработените од Општин Центaр собираат донации во облека, храна, вода и хигиенски потреби.

На седницата, градоначалникот и советниците оддадоа почит за настраданите со едноминутно молчење.

Поврзани новости