Општина Битола експресно одби да расправа за оставка на Талески

by fokus

Општина Битола нема да расправа за барањето на опозицијата за оставка на градоначалникот Владимир Талески.

Претседателката на Советот Силвана Ангелеска  експресно го отфрлила предлогот со образложение дека Советот, немал ингеренции да разрешува или да бира градоначалник.

Битолскиот градоначалник и натаму продолжува да раководи со општината и од домашен притвор. Тој носи одлуки и потпишува документи што му ги доставуваат општинските службеници.

Опозициските советници во неколку наврати реагираат и прашуваат како е можно Талески да има пристап до општинската документација, кога куќниот притвор му е одреден поради можност за бегство, влијание на сведоци и уништување и фалсификување на траги од кривичното дело. Тие бараат оставка од Талески и назначување на заменик градоначалник до следните локални избори.

Талески веќе втори месец е во домашен притвор како осомничен коруптивен тендер со училишниот превоз, тежок 360 000 евра.

Поврзани новости