Опозицијата со план: Реизбор на судии, Антикорупциска и Правобранителот на граѓанскиот сектор

by Фокус

На дебата организирана од Цивил на која присуствуваа повеќе партии, а не појавија партиите од власта, беа претставени повеќе модели за реконструкција на судствто. Заедничко на сите е проектот за генерален реизбор на околу 650 судии колку што се вкупно во Македонија, а според опозициските партии за 20 отсто од нив бе треба да има место во македонското судство.

-Ќе се организира генерален реизбор на сите судии. На него ќе имаат право пак да се пријават сите актуелни судии. Но, сите имаат свое си-ви за тоа како ја извршувале функцијата, па оттаму, одговорност за одлуките што ги носеле, ќе мора да понесат одредени меѓу нив. Изборот мора да биде транспарентен, рече Зоран Заев.

Понатаму тој објасни дека на судството ќе му биде дадена целосна финансиска самостојност и нема зошто повеќе судиите да зависат од некој министер за финансии. Од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители, вели тој, под итно ќе го снема министерот за правда и со тоа ќе се почне со оттргнување на политичкото влијание во судството и обвинителството.

-Јавниот обвинител на Република Македонија ќе биде избран од опозицијата, за да ја контролира власта. Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и Јавното правобранителство ќе се дадат да бидат раководени од граѓаните, односно на граѓанскиот сектор, рече Заев.

Поврзани новости