Онлајн натпревар помеѓу Зорица и Боркица: Засега, Заева ,,растура”

 

Која е поубава, попопуларна, поомилена кај народот, Боркица Груевска или Зорица Заева? Интересен онлајн натпревар помеѓу сопругата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и сопругата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев се води денес на страницата на порталот ПДН (Press Daily News).

Заинтересираните граѓани можат да следат како оди гласањето, и секако да го дадат и својот глас.

Моментално, од приложеното, Зорица води пред Боркица, а од редакцијата на ПДН велат дека првата која што ќе освои 1.000 гласа ќе биде победничка. Тие исто така најавија и уникатна награда, која ќе биде изненадување, се до крајот на гласањето, а ќе и ја врачеле на победничката.

,,Одиме со мирољубива политика, во стил која дама е попопуларна. Дали народот повеќе ја сака Заева или Груевска. Сега – засега, Заева ,,растура’’  – велат од ПДН.

Зорица е во брак со Зоран Заев долги години и ги имаат децата Александра и Душко. Нивната врска започнала во 1995 година, а се знаеле уште од времето кога биле деца. Таа отсекогаш му била голема поддршка на сопругот, и често пати во јавноста излегува со став околу некое прашање кое што го засега нивното семејство или актуелните политички случувања поврзани со нејзиниот сопруг.

Лани во интервју за ,,Фокус’’ отворено збореше за нивната приватност, но и за тоа како влијаела политиката на нивниот живот. Тогаш ни кажа дека жените на политичарите не смеат да бидат само марионети или обичен декор за пред јавноста, и треба да имаат свои ставови и да се вклучат со свои активности за подобрување на општеството.

Боркица Груевска, дванаесет години помладата сопруга на Никола, стапи во брак со него по околу една година врска, во 2007 година, и е негова втора сопруга. Имаат две ќерки, Анастасија и Софија. Во јавноста е позната како скромна жена, но она за што често и забележуваат е податокот што никогаш не дала интервју, ниту пак било каква изјава поврзана со актуелен настан, секогаш е во сенка на својот сопруг.

Вики Клинчарова